Американската вселенска агенција повторно го одложи лансирањето на својот ровер Perseverance на Марс.
NASA и United Launch Alliance првобитно го поместија лансирањето на роверот од 17. на 22. јули, а сега потврдија дека истото нема да се случи пред 30. јули. Причината за ова се проблемите со процесот на лансирање кои биле воочени за време на вежбите, односно податоците кои ги покажувале сензорите за течен кислорoд.
Поради овој проблем, на тимот задолжен за мисијата му е потребно повеќе време да процени што точно се случило и да го реши проблемот пред лансирањето.
Due to processing delays in preparations to unite me with the rocket, my first launch attempt will be no earlier than July 30. @NASA and @ulalaunch are working to update the target launch date and have been able to expand the launch period until Aug. 15. https://t.co/cwfwy5cTY0 pic.twitter.com/XICMjwtx7h
— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) June 30, 2020
Исто така, најавено е вршење на анализи дали е потребно дополнително да се продолжи рокот. Се очекува дека роверот ќе слета на кратерот Езеро на Марс на 18. февруари 2021. година.
NASA се подготвува за оваа мисија веќе со години, а очигледно треба да се решат и најситните детали за експедицијата да биде успешна. Целта на мисијата е истражување и утврдување дали на Црвената планета постоел живот, а освен тоа, се размислува и за носење на примероци од тлото на Марс на Земјата, објави Engadget.
Извор: Klix.ba