Microsoft објавува нова алатка за враќање на избришаните документи, а во прашање е Windows File Recovery, кој е дизајниран да помогне во спасување на документите кои ќе бидат избришани по грешка.
Во прашање е алатка која на корисниците ќе им помага во враќање на избришаните фајлови од хард дисковите, USB додатоците, па дури и SD картичките од камерите, но документите кои се чуваат во cloud и се делат онлајн, не се поддржани. Како и во случајот на која било друга алатка за враќање на податоци, неопходно е Windows File Recovery да се употреби во што пократок рок од бришењето на документите, за да се осигура загрозените фајлови да не исчезнат засекогаш.
Со помош на новото Microsoft помагало, корисниците ќе можат да враќаат MP3 фајлови, MP4 видео содржини, PDF документи, JPEG слики и Word, Excel и PowerPoint документи.
Поврзани артикли