Пред неколку дена се појавија официјалните рендери на 45mm Samsung Galaxy Watch 3 во сребрена варијанта, а сега имаме прилика да видиме бронзен Galaxy Watch 3 од 41mm.
Иако помал во дијаметар, Watch 3 од 41mm изгледа идентично како сребрениот модел. Разликата е само во тоа што ротирачката рамка ја користи истата нијанса на бронзена како и остатокот од куќиштето, додека Silver Galaxy Watch 3 има и потемна сива нијанса.
Се очекува дека 45mm Galaxy Watch 3 ќе има 1.4-инчен екран и 340mAh bateriju, додека 41mm модел би требало да има 1.2-инчен дисплеј и 247mAh батерија. Двата паметни часовника ќе имаат вграден GPS, 5ATM водоотпорност, Gorilla Glass DX заштита и MIL-STD-810G идржливост.
Samsung би можел да го претстави Galaxy Watch 3 во текот на јули и со Galaxy Note20 линијата во август.
Поврзани артикли