Во пакувањето на годинашната iPhone линија можеби нема да биде достапно ништо освен конкретниот телефон. Аналитичарот Минг-Чи Куо тврди дека iPhone 2020 моделите, покрај слушалките, во пакувањето нема да вклучуваат ни адаптер за полнење – корисниците би можеле да добијат само кабел за полнење.
Неодамна се појавија информации за тоа дека Apple би можел да понуди помоќен полнач (од 20W) за годинашната iPhone линија, ни дека ќе мора да се купи засебно. Аналитичарите на Barclay, исто така, веруваат дека Apple во пакувањето со новите смартфони повеќе нема да нуди полнач.
Минг-Чи Куо сугерира дека ваквата одлука би можела да биде донесена за да се намалат трошоците и високата цена, која ќе ја предизвика имплменетацијата на 5G технологијата. Покрај ова, би можел да постои и еколошки мотив за ваквата одлука. Борците за заштита на животната средина укажуваат на тоа дека вклучувањето на адаптер во пакувањето често претставува расфрлање на ресурсите, со оглед на тоа дека многу корисници имаат полнач од порано или го полнат уредот преку компјутер.