Според мислењето на основачот на Microsoft, најверојатно вакцината ќе биде најкорисна само за индивидуална заштита.
Создавањето вакцини не гарантира целосно оздравување и спречување на новиот тип на коронавирус, смета основачот на Microsoft, Бил Гејтс, пренесува Sputnik.rs.
Коментирајќи го мислењето на епидемиолозите, Гејтс смета дека вирусот ќе продолжи да се шири сè додека не се зарази 60 до 70 проценти од населението.
Милијардерот објаснил дека вакцината има две основни функции.
Едната е да се овозможи индивидуална заштита од вакцинираниот човек, а другата му овозможува да престане да биде носител“, објаснил Гејтс за CNN.
Според неговото мислење, најверојатно вакцината ќе биде најкорисна токму за индивидуална заштита.
„Не може да се гарантира дека вакцината сигурно ќе го спречи ширењето на инфекцијата“, заклучил тој.