Допирањето на лицето со раце не е пожелно, иако сите тоа го правиме речиси константно. На лицето, односно очите, носот, устата на овој начин многу лесно се пренесуваат разни вируси и бактерии, кои сме ги собрале на рацете. Во време кога во светот владее пандемија на респираторниот коронавирус, кој во телото може да влезе само преку отворите на лицето – посебно е важно рацете да бидат чисти и да пробате да не ги допирате до лицето.

Бидејќи е приличен проблем да се контролирате, во Лабораторијата за реактивен погон на NASA се послужија со своето знаење и технологија за да помогнат во решавањето на тој проблем. Изработија 3D печатен носечки уред, привезок за ланче, во облик на помал USB стик, кој ќе го преупредува оној што го носи да не ги допира рацете на лицето.

Тоа ќе го направи со дискретно вибрирање, кога неговиот инфрацрвен сензор за близина ќе забележи дека пред привезокот се движи нешто што би можела да биде раката на корисникот. Сензорите го фаќаат подрачјето од 15 сантиметри околу него, што е доволно навреме да се опфати делот околу лицето и рацете, пред корисниците да допрат дел од телото кој не би требало.

Уредот кој се нарекува PULSE е составен од едноставни и евтини компоненти кои е лесно да се набават, а инженерите кои го смислиле, сите планови за негова изработка ги поставија на GitHub како open source. Ако сакате и самите да се испробате во изработка на едно делче на технологијата на NASA, сите упатства и STL документи за 3D испис и линковите за нарачка на деловите се достапни на ова место.