Acer претстави неколку нови монитори, наменети првенствено за гејминг популацијата, а уредите ги карактеризира брз одзив и висока стапка на освежување на екранот.
Најистакнатиот модел кој е претставен, секако е новиот Predator X25 гејминг монитор. Во прашање е 24,5-инчен модел, со 1920 x 1080p IPS панел и стапка на освежување до 360Hz. Ова ќе овозможи уште подобри перформанси во игрите каде се потребни брзи реакции.
Мониторот има Nvidia G-Sync поддршка, така што ќе работи во комбинација со најновите Nvidia графички картички, за да овозможи висок фрејмрејт. Predator X25 поседува и LightSense функција, која се потпира на сензорот за детекција на амбиенталното осветлување и подесување на осветленоста на мониторот.
Acer Predator X25 мониторот користи HDMI 2.0b и DisplayPort 1.4 конектори, а компанијата не ја објави цената и достапноста на уредот.
Од Acer пристигнува и Predator XB3 серијата монитори, која ќе биде достаона во големини од 24,5, 27 и 31,5 инчи. Мониторите нудат резолуција до 4K, освежување на екранот до 240Hz, агли на гледање од 178 степени и 0.5ms одзив во overdrive мод.