Бразил најверојатно неделава ќе потпише договор за производство на вакцина, развиена од Универзитетот во Оксфорд, изјави денеска привремениот министер за здравство на Бразил, Едуардо Пазуело.
Клиничките испитувања за потенцијална вакцина во Бразил почнаа во текот на изминатиот викенд врз 3.000 лица во Сао Паоло и Рио де Жанеиро.
Паузело, зборувајќи пред пратениците, денеска најави дека договорот може да биде потпишан во среда и дека наскоро може да се склучи уште едно партнерство со истражувачи на вакцини.
Бразилското здравствено регулаторно тело Анвис овој месец одобри пробни испитувања врз луѓе за добивање на вакцина што ја развива Универзитетот Оксфорд и е поддржана од компанијата Астра Зенека Плц.
Очекувањата се дека до крајот на годината ќе почне употребата на вакцината.
Бразилската Влада планира масовно тестирање што ќе опфати 24 проценти од населението, изјави привремениот министер за здравство за време на сослушувањето во парламентот.
Поврзани артикли