Realme X3 би требало да биде следниот телефон на кинеската компанија, кој спаѓа во рамките на премиум сегментот. Меѓутоа, досегашните протечени информации не го потврдуваат тоа. Неодамнешниот Google Play Console листинг сугерираше дека Realme X3 ќе користи Snapdragon 855+ чипсет и 8GB RAM со 1080 x 2400p резолуција и Android 10.
Ова моделот X3 го става рамо до рамо со X3 SuperZoom моделот, кога се во прашање сировите перформанси. Сега на Geekbench се појави нов листинг за моделот RMX2085, односно Realme X3, кој ја зголемува количината на достапната меморија на 12GB. Меѓутоа, кога се во прашање постигнатите резултати на тестовите, тие се далеку од она што го остварува Snapdragon 865 чипсетот.
Realme X3 на Geekbench оствари резултати од 2307 и 8216 поени на single-core и multi-core тестовите, што е повеќе во ранг на Snapdragon 765, 765G или можеби 768G чиповите. Само за споредба, Snapdragon 855+ чипот на Realme X3 SuperZoom моделот остварува околу 10.000 поени на multi-core тестот.