Во текот на минатата недела се појавија рендери од Galaxy Tab S7 таблетот, а сега се појавија и фотографии од Plus варијантата на уредот, кои ни ги овозможи дојавувачот OnLeaks во соработка со блогот Pigtou.
Galaxy Tab S7+ изгледа слично како стандардниот S7 модел. Селфи камерата е сместена од десната страна на дисплејот, а на задната страна се наоѓа систем со две камери, под кој е слотот за S-Pen паметното пенкалце и Samsung логото.
Таблетот од десната страна на рамките има копчиња за вклучување и звук, како и слот за microSD/SIM картички, додека од левата страна се пиновите за прикачување на додатокот за тастатура. Во дното на уредот е USB-C портот, а таблетот нема 3,5 мм приклучок за слушалки.
Samsung Galaxy Tab S7+ ќе има 12.4-инчен екран, со стапка на освежување од 120Hz, како и батерија со капацитет 9800mAh. Geekbench открива дека уредот ќе користи Snapdragon 865 чипсет и 6GB RAM, а можно е дека ќе постокат и други опции на меморија.