Смртоносна болест се појави во САД, многу поопасна од грипот, пренесува порталот Kurir.rs. Засега за новата болест која се пренесува преку комарци, не постои лек. Скот Мосман од Масачусетс, летово движејќи се низ мочуриштата околу својот дом, се разболел од непознат вирус.
Тој со својот брат Ких, додека работеле на полињата во својот роден град, велат дека биле навикнати за време на топлите месеци да бидат каснувани од комарци. Но, во 2019 година, Скот се разболел. Во месец септември, Кит повикал итна помош, откако Скот се онесвестил.
Итната помош кога пристигнала забележала дека тој исфрлал од устата пена. Веднаш го однеле во одделението во болницата Мортон во Таунтон, каде медицинскиот персонал го стабилизирале, но не можеле да сватат што го предизвикало нападот и брзото откажување на неговиот организам.
Два дена подоцна, Скот со хеликоптер бил префрлен во болница во Роуд Ајленд, каде со Магнетна резонанција му било откриено воспаление на мозокот. Лекарите земале примерок и го испратиле во лабораторија на тестирање.
Околу недела дена подоцна, специјалистите ја поставиле дијагнозата. Скот имал вирус од источниот коњски енцефалитис, нешто што му предизвикало сериозна инфекција на мозокот.
Лекарите проблемот го лоцирале на местото каде Скот бил каснат од комарец и му бил пренесен смртоносен вирус EEE (источен коњски енцефалитис).
Масачусетс се најде среде своето најлошо избивање на ЕЕЕ во векот. Не постои вакцина или познат лек против овој вирус, а инфекцијата е околу 400 пати посмртоносна од грипот. Иако пренесувањето е многу ретко, околу 40% од заразените умираат.
Оние кои ќе преживеат, често трпат невролошки оштетувања. CDC известува дека секоја година во САД, се регистрираат по неколку случаи, воглавно во источните или државите околу мексиканскиот залив. Но, во 2019 година, дошло до најголем број на случаи.
CDC за овој период успеала да забележи најголем број на случаи на зараза откако почнал да ги бележи бројките. Симптомите EEE обично почнуваат со вообичаен грип, грозница и силна главоболка, висока температура, повраќање, пролив, дезориентација, конфузија и напади.
Понекогаш е можно заразениот да падне и во кома. За жал, Скот починал по месец дена откако бил згрижен во болницата, дури и по покажувањето на знаци за подобрување.
Извор: Kurir.rs
Поврзани артикли