Се испостави дека видео апликацијата Zynn е клон на многу популарната апликација TikTok, па по обвиненијата за копирање е отстранета од Play Store.
Во текот на изминатите недели се повеќе корисници на TikTok објавија дека нивните содржини се складираат на Zynn, и тоа без престан. Воглавно се во прашање корисници кои се многу популарни, па се претпоставува дека овој потег служел во маркетиншки цели. Некои од нив истакнаа дека на плагијат биле преселени сите содржини кои претходно ги поставиле на TikTok, но и останатите податоци, вклучувајќи ги имињата, фотографиите и сите сочувани содржини.
Zynn за iOS и Android се појави на почетокот на мај и брзо се искачи на врвот на листата на најпреземани апликации. Па така, кон крајот на мај ја доби титулата за најпреземана iOS апликација и стигна меѓу десетте најпреземани апликации во Play Store. За успехот е одговорен и начинот на кој корисниците биле наградувани за гледање содржини и регрутирањето нови корисници. Имено, корисници наводно добивале по еден долар за регистрација, 20 долари за првиот регрутиран корисник, и по 10 долари за секој од следните пет. Не е до крај јасно колку системот се почитувал, бидејќи некои корисници тврдат дека добиле пари, додека други нудат докази за тоа дека останале без ветената сума.