Facebook го угаси својот Graph Search сервис во јуни минатата година, поради проблемите со приватноста. Оваа функција им овозможуваше на корисниците да пронајдат голем број информации како имиња на луѓе, места и фотографии со употреба на посебни клучни зборови.
Сега, новите информации сугерираат дека Facebook покренал тест на новата функција, која прикажува информации од базата на Wikipedia, кога некоја тема ќе се внесе во полето за пребарување. Информациите ќе се појавуваат на бочниот панел, со десна страна на резултатите на пребарување, за корисниците да не мораат да се префрлаат на новата картичка, за да ги прегледаат информациите.
Од исечоците на текстови од Wikipedia, сервисот исто така прикажува релевантни информации во рамките на своите постоечки функции. На пример, кога пребарувате Ковид-19, Facebook пребарувањето податоците од својот информативен центар ќе ги прикажува на врвот на резултатите, наместо во панелот од десната страна.
Оваа функција, сепак, моментно не препознава одредени клучни зборови за пребарување. Facebook потврди дека алатката ја тестира на својата мобилна веб апликација, iOS апликација и десктоп верзиите, но не е познато кога ќе биде јавно достапна.