Во последниот период слушаме многу за „падот“ на Маркетингот во Македонија. Дефинитивно сите индустрии се менуваат, па така и нашата. Во LeanSEM работиме со некои од најконкурентните компании од Силиконската Долина, односно со над 50 од нив. Со тоа имаме можност од прва рака да видиме во која насока се развива светот на дигиталниот маркетинг. Денес, повеќе од кога било, се бараат резултати. Компаниите ги зголемуваат буџетите за дигитален маркетинг на сметка на сите други маркетинг гранки. Тоа е поради три клучни причини: 1. Маркетингот на Гугл и Фејсбук (па и сите други дигитални маркетинг канали) се мерливи. Знаете колку добивате за парите и секој вложен долар го насочувате кон резултати; 2. Сега сите се онлајн. Базата на корисници на онлајн платформите постојано расте. Ако до вчера овие медиуми беа нарекувани „нови медиуми“, денеска тие се водечки. Во новото време една компанија може совршено да работи без канцеларија, но потешко ќе преживе без онлајн присуство; 3. Кризата со Covid-19 и социјалното дистанцирање не „натера“ сите да бидеме многу повеќе онлајн. Една од „последиците“ од кризата, иако според нас ова е позитивна последица — е дигитализацијата. Онлајн купувањето, пребарувањето и информирањето станаа дел од нашето секојдневие, речиси преку ноќ.
Сите овие причини одат во полза на растот на LeanSEM и на нашите клиенти, па дури и во овие (не)времиња. Ние работиме маркетинг, претежно на Google и Facebook и управуваме со буџетите на нашите клиенти наменети за овој тип на рекламирање. Станува збор за големи проекти на какви ретко кои дигитални маркетинг агенции во Македонија можат да работат. Пазарите исто така се дијаметрално различни. Поради континуираниот раст, константно сме во потрага по нови членови на тимот. Ни требаат луѓе фокусирани на резулатати, кои со жар ќе ги креираат, анализираат и подобруваат кампањите на клиентите, секој ден.
Повеќе не постои работа од 8 до 4, барем во светот на дигиталниот маркетинг. Ние се натпреваруваме со конкуренција на светско ниво, со најдобрите компании во областа и тоа значи дека (PPC) маркетингот ни е стил на живот. Профилите на луѓе кои ги бараме сакаат да работат со најдобрите компании, но и самите сакаат да постигнат најдобри резултати. Затоа, како што расте компанијата, така растат и вработените во LeanSEM. Ретки се компаниите (агенциите) каде доколку донесете резултати може и 5 пати да ви порасне платата, во само 1 година. Сè зависи од самиот вработен и разултатите кои ќе ги донесе. Токму затоа Тимот на LeanSEM е причината за успех на нашата маркетинг агенција.
Во тимот на LeanSEM имаме свои LeanSEM вредности кои ги имаат сите вработени, и доколку се пронајдете во нив, аплицирајте за отворените позиции. Едвај чекаме да ги запознаеме нашите нови колеги, но и да му покажеме на светот дека и една македонска компанија може да „игра“ во прва лига кога е дигиталниот маркетинг во прашање.