Microsoft не планира да прави нови оперативни системи, па наместо тоа само ќе објавува ажурирања за Windows 10 двапати годишно.
Со оглед на тоа дека Windows 7 веќе е „во пензија“, преминот на Windows 10 е најдоброто нешто што можете да го направите ако сте Windows корисник, токму бидејќи ова е единстената верзија што гарантирано ќе добива редовна поддршка и безбедносни ажурирања.
Меѓутоа, преминот на Windows 10 е многу повеќе од неколку клика.
За компаниите, на пример, надградбата од претходната верзија на оперативниот систем Windows 10 вклучува и други трошоци, како надградба на компјутерите за да може во целост да ги користат сите функции што доаѓаат со новиот OS.
За обичните корисници, постапката е малку полесна. Во нивниот случај сѐ се сведува на едноставна „миграција“ од стариот на новиот Windows. Меѓутоа, и на едните и на другите им е неопходна лиценца.
„Луѓето веќе трошат многу пари за да го купат и опремат својот компјутер. Повеќето корисници пиратски го преземаат Windows и го оставаат така, без активација. Вие веќе заработувате доволно пари, не разбирам во што е поентата да има олку високи цени за еден оперативен систем“, прашува еден корисник на форумот за поддршка на корисници на Windows OS.
„Ако не може да биде бесплатен, Windows 10 Home нека чини 10 долари, а Windows 10 Pro може да чини 35 долари. Најверојатно и ќе заработувате повеќе, бидејќи повеќе луѓе ќе сакаат да го купат, како на пример јас“, додава истиот корисник, повикувајќи ја компанијата Microsoft да го направи оперативниот систем попристапен за сите, пренесува Softpedia.
Колку за споредба, лиценциран Windows 10 Home 64-bit OEM DVD кај нас чини 6.990 денари, а Windows 10 Pro 64-bit OEM DVD чини 8.990 денари.
Од друга страна, важно е да се напомене дека и понатаму може бесплатно да го надградите оперативниот систем од Windows 7 на Windows 10 ако имате важечки активационен код (License Key) за Windows 7, кој може да го користите за активација на Windows 10.
Тоа значи дека можно е бесплатно да се премине на Windows 10, но не знаеме до кога тоа ќе трае.
Извор: B92.net