Во време кога се препорачува социјално дистанцирање, креирањето групно селфи се смета за небезбедно. Меѓутоа, Apple успеа да пронајде решение како да ја надмине оваа ситуација. Имено, компанијата поднесе патент за креирање „синтетичко групно селфи“.
Според овој патент, корисникот може да повика луѓе на селфи сесија, каде секој ќе се фотографира засебно, а софтверот ќе ги позиционира луѓето на фотографијата зад лицето кое ја иницирало сесијата. Освен фотографијата, софтверот овозможува и live стриминг, а секој од учесниците ќе може да ги менува позициите и да се стави себеси во центарот на фотографијата.
Сепак, тешко е да се очекува дека ова решение ќе биде достапно во некој близок временски период. Apple патентната пријава за ова решение ја поднесе уште во јули 2018. година, значи многу пред избивањето на пандемијата, но се поклопи да биде обработена и прифатена баш во времето на коронавирусот. Во секој случај, веројатно вакви правила ќе важат и во иднина, па секако ќе биде интересно да им се понуди ваква функционалност на корисниците.
Поврзани артикли