Втората генерација на флексибилниот смартфон Motorola Razr се очекува во септември, а иако Motorola не објави никакви детали за уредот, новите гласини сугерираат дека телефонот ќе има поголеми дисплеи од оние на оригиналниот модел.
Според наводите на Рос Јанг (CEO на Display Supply Chain Consultants), Razr 2 ќе има 6.7-инчен главен дисплеј, кој за 0,5 инчи е поголем од оној на актуелниот Razr. Јанг тврди и дека екстерниот екран на Razr 2 моделот ќе има поголема дијагонала, но не ја открива точната големина.
Motorola Razr не поддржува 5G, но гласините сугерираат дека поддршката за мрежи од следната генерација ќе биде достапна за Razr 2, а се благодарение на Snapdragon 765 чипсетот кој би требало да го покренува смартфонот.
Останатите спецификации на Motorola Razr 2 моделот би требало да вклучуваат 8GB RAM, 256GB простор за складирање, 48MP главна камера, 20MP селфи камера и Android 10.
Поврзани артикли