Компанијата Google беше тужена во вторникот во парнична постапка под обвинение за нелегално нарушување на приватноста на милиони корисници со следење на нивната употреба на интернет пребарувања дури и во приватен режим.
Обвинението, кое бара оштета од пет милијарди долари од интернет гигантот, го обвинува Google за нелегално собирање информации за тоа што луѓето пребаруваат и кои страници ги посетуваат преку разни апликации и алатки за страници, вклучително и Google Analytics и Google Add.
Иако повеќето корисници на Google претпоставуваат дека нивната историја на пребарување не се следи додека сурфаат во приватен режим, компанијата вели дека тоа не е точно, но тврди дека тоа не е нелегално, пренесува Reuters. Приватниот или „инкогнито“ режимот во Google Chrome им овозможува на корисниците да пребаруваат на Интернет, така што нивната активност не е зачувана во историјатот или уредот од кој пребаруваат.
Меѓутоа страниците што ги посетуваат корисниците можат да користат алатки, како што е Google Analytics, за да го следат однесувањето на корисниците, пренесува РТС.
Во тужбата се наведува дека компанијата „не може да продолжи во ова тајно и неовластено собирање на податоци на секој Американец со компјутер или телефон“.
Google сè уште не одговори на овие обвинувања.