Кина наскоро ќе даде значителен придонес во потрагата по вонземски живот, со помош на радиотелескопот FAST (Five hundred meter Aperture Spherical Telescope), кој официјално почна со работа во јануари годинава, но со новата надградба ќе функционира од септември.
Телескопот има пречник од 500 метри, а неговите нови задачи, освен истражување, ќе бидат да помогне во пронаоѓањето на „интересни сигнали“. Научниците велат дека телескопот има дополнителни можности кои ќе помогнат во потрага по НЛО.
Кина потроши повеќе од 185 милиони долари за овој проект. Како дополнување на можноста за потрага по вонземски живот, FAST ќе им помогне на научниците да ја изучуваат формацијата и еволуцијата на галаксиите, темната материја и слично.
Извор: Klix.ba