Откриен е FCC листингот за следната верзија на паметниот часовник на Samsung, кој укажува на тоа дека новиот модел ќе биде сличен на претходниот, со поддршка за 5ATM водоотпорност, GPS и LTE моделите.
Поголемата верзија на паметниот часовник ќе има куќиште од 45мм (наместо актуелното од 46мм модел), додека помалата верзија исто така ќе биде намалена за еден милиметар, на 41 мм.
Достапните скици ја покажуваат само задната страна на уредот, така што не е познато дали шемата за контрола ќе се промени и дали ќе биде имплементирана рамка осетлива на допир од Watch Active 2 моделот.
Не е познато кога новиот Galaxy Watch на Samsung ќе биде претставен, но не би било изненадување доколку тоа се случи во текот на август, со новата Galaxy Note серија телефони.
Поврзани артикли