Годинава на служба стапуваат „морските чудовишта“ – екранопланите А-050. Наоружани со ракетно оружје, ќе патролираат по северните морски патишта, Црното и Каспиското море.
Конструктори на уникатната машина се инженерите на Централното биро за проектирање бродови со хидроплав. „Екропланот може да се користи како амфибија и да слетува на брег со наклон до 5%, како и да слетува на импровизирани аеродроми“, рече Георгиј Анцев, претседател на управниот одбор на Централното конструкторско биро „Алексеев“.
Конструкторите истакнуваат дека Галеб-2 (А-050) може да има голема улога во откривањето и развојот на Арктикот, затоа што екранопланите се поотпорни на екстремни временски услови од хеликоптерите. Покрај патролирање по морските брегови со помош на екранопланите ќе биде можно да се изведуваат и акции за спасување, како и истоварување на специјални во крајбрежните подрачја.
„Во трупот на екранопланот може да се смести чамец што ќе се користи во итни спасувачки мисии, како и за истражувачка дејност. Чамецот исто така лесно може да се натовари од површината на морето во екранопланот. Ова е исклучителна прилика сите да бидат мобилни на отворено море“, додаде Анцев.
Поради употреба на современи материјали А-050 е тежок околу 50 тони. Во себе може да смести до 100 војници или 9 тони полезен товар. Со новите моќни мотори „Галеб-2“ ќе може да се движи со брзина од 450 км на час на водена површина, на мраз или рамна степа. Долетот на авионот е до 5000 км.
Екропланот е хибриден и може да лета и како авион. За излегување од режимот на екраноплан (лета на мала висина над вода) се користи горното крило. Благодарение на можностите за трансформација во текот на летот, А-050 ќе може да ги избегне сите пречки кои ќе ги сретне на патот (острови или големи бродови). „Чајка-2“ е во завршната фаза на тестирање.
Машината доби уред за таканаречено синтетичко набљудување, кој им овозможува на пилотите да ги видат пречките на својата маршрута оддалечени повеќе километри, да ги скенира и анализира временските прилики со цел летот да биде сигурен.
Извор: Russia Beyond