Лансирањето на Android 11 Beta верзијата веќе еднаш е одложено, кога беше одложена Google I/O конференцијата. Виртуелниот настан на лансирањето на овој оперативен систем најпрвин беше планиран за оваа среда (3. јуни), но Google одлучи и него да го одложи, со образложение дека сега не е време за прослави.
Првобитно на овој настан беше предвидено да се одржи главно предавање во траење од 60 минути, по кое би следување Q&A сесија и многу предавања наменети за програмерите. Сега сето ова е откажано, а организаторот само најави дека повеќе информации ќе објави наскоро.
Ова укажува и дека официјалното претставување на Android 11 веројатно нема да се случи во очекуваното време, но засега само ни останува да ги почекаме подеталните информации.