Елон Маск не можел да опише како се чувствува откако неговиот SpaceX во соработка со НАСА прв пат испрати астронаути во вселената.
Околу 15.22 часот, по локално време од центарот во Флорида, лансирана е ракетата, која двајцата астронаути Боб Бенкен и Драг Харли ги одведе во вселената на 19 часовниот лет до Меѓународната вселенска станица.
Ова е прв пат комерцијално летало да одведе луѓе во вселената и прв пат по девет години Американците да заминат во вселената од сопствената земја.
„Немам зборови, не можам да опишам колку сум среќен“
„Навистина сум преплавен со емоции. Искрено, тешко е да се зборува. Поминав 18 години работејќи за ова, тешко е да се поверува дека навистина се случи. Во овој момент не сум начисто со емоциите. Се надевам дека ова е прв чекор на патот кон цивилизацијата на Марс, кон мултипланетарниот живот, база на Месечината и проширување вон границите на Земјата”, вели Маск.
Тој откри и како се чувствувал кога лансирањето било одложено за една недела поради лошото време.
„Чудно, но се чувствував добро, не бев нервозен. Како да се совпаднаа судбините. Како во обичен ден да идам на работа, вели тој.
„Ова не е победа, вистинската работа допрва доаѓа“
На прашањето дали чувствува одговорност кон човечките животи кои ги испрати во вселената, тој вели дека ова е само почеток на мисијата.
„Многу работа има пред нас. Астронаутите треба да пристигнат во вселенската станица, да живеат таму 110 дена, а потоа да се спуштат со бродот низ Земјината атмосфера и да се вратат дома, на брегот на Флорида. Враќањето е многу поопасно од ова, и затоа не сакам да прогласам победа, рекол тој и додал:
„Се гушам, простете. Не можам да одговорам на тоа прашање“.
Маск заклучи дека човештвото треба да биде гордо и возбудено.
Поврзани артикли