Пандемијата, која го зафати скоро целиот свет, ги промени навиките и однесувањето на поединците, но и работењето на компаниите. Во новонастанатите услови луѓето се почесто се одлучуваат да пазарат од дома користејќи ги бенефитите на Е-трговијата која стана топ тема во текот на овие неколку месеци. НЛБ Банка како дел од сетот мерки и услуги кои ги стави на располагање за олеснување на последиците од пандемијата е и бесплатното користење на платежната платформа за E-трговијакако услуга која овозможува врвно корисничко искуство и висок степен на безбедност при користење.
Се работи за иновативна алатка наменета за сите правни лица и трговци кои сакаат да се во тек со современите дигитални трендови и имаат желба и можност да го прошират својот канал на продажба и да отворат своја интернет продавница кој е достапна 24/7. Услугата на НЛБ Банка за Е-трговија е достапна без трошоци за приклучок и без трошоци за месечно одржување во првите 6 месеци за сите нови клиенти.
„Изминатите неколку месеци бевме сведоци како потрошувачите беа принудени драстично да ги променат нивните навики при купување. Свесни сме дека електронската трговија може да помогне во зачувување на работните места за време на кризата. За многу ресторани кои мораа да се затворат за време на пандемијата, услугите за онлајн испорака станаа вистински спас. Во голем број случаи, Е-трговијата создаде нови економски можности. Ние сме тука да ги стимулираме овие можности за нашите клиенти и да ги направиме лесно достапни и поволни и што е најважно да имаат 24 часовна професионална поддршка и одржување на оваа услуга.“, велат од Банката.
Она што ја прави оваа платформа современаи иновативна се низа функционалности како што се: поддршката за безбедно зачувување на картичните податоци, иницирање на повторливи плаќања, едноставна интеграција со мобилни апликации и други.
Таа нуди врвна безбедност во плаќањето и функционира во целосна согласност со најновите безбедносни стандарди за сигурност на картичното плаќање пропишани од страна на Visa и МasterCard.
Повеќе информации во врска со оваа услуга може да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15 – 600 или на следниот линк.
Поврзани артикли