Raspberry Pi фондацијата секогаш бара начини да ги подобри своите модели, а сега во понудата ја вметна и верзијата на својот минијатурен компјутер Raspberry Pi 4 со 8GB RAM.
Најновата верзија им се придружува на верзиите со 2 и 4GB RAM, а чини 75 долари.
Во суштина, се работи за истиот минијатурен компјутер со една плоча, но со повеќе RAM, односно со 8GB. Разликата е и во тоа што некои компоненти се поместени поради новиот RAM, но во суштина се остана исто, процесорот на ARM, доста портови, WiFi и Bluetooth поврзливост и друго.
Raspberry Pi 4 со 8 GB RAM чини 75 долари е и најскап модел. Во февруари беше претставена верзија со 2GB, која денес чини 35 долари. За верзијата од 4GB RAM е потребно да се издвојат 55 долари.