Направени се промени во самите тестови за безбедност како и во начинот на оценување на автомобилите.
Една од најголемите промени е воведување на нова подвижна бариера која го заменува 23-годишниот тест за умерен судир во фиксна бариера, базиран на застарени регулативи за тестирање на безбедноста. Безбедноста на патниците ќе се испитува на поинаков начин, како и проценката како предната конструкција на возилото влијае на нивната заштита во различни форми на фронтален судир.
Euro NCAP притоа ќе ја користи најсовремената светска „кукла за тестирање“ за судири, која соодветсвува на просечен маж со висина од 180 см и тежина од 80 килограми, а со прекар „Тhor“.
Променето е направена и кај тестот за однесување на возилото и заштита на патниците при страничен судир. Клучното ажурирање вклучува подесување на брзината на возилото и масата на тестната бариера, што значително ја зголемува релевантноста на тестот. Euro NCAP за прв пат на овој начин ќе ја оценува заштитата од страничен удар, со цел зголемување на безбедноста на возачот во однос на десјство од страна на совозачкото седиште. Оваа нова мерка треба поточно да ја процени улогата на страничните воздушни перничиња за поединечни модели.
Системите за набљудување на однесувањето на возачот, кои можат да откријат замор и деконцентрација, исто така, ќе бидат посебно рангирани во категорија Безбедносна помош. Покрај тоа, Euro NCAP ќе продолжи со тестирање и оцена на различните системи за асистенција на возачот и системите за итно автоматско сопирање, како и безбедноста на пешаците во нови сценарија на возење, поттикнувајќи ги производителите на автомобили постојано да ги подобруваат овие технологии.
Конечно, однесувањето на возилото по несреќа или, да речеме, по пад (излетување) од одредена висина (провалија, канал…), ќе се разгледува според новите насоки поставени од Меѓународната асоцијација за противпожарно-спасувачки служби (CTIF). Производителите на автомобили ќе бидат наградени со висок рејтинг ако информациите потребни за спасување (локација, состојба на патникот, повик за помош) се точни и лесно достапни, истовремено поддржувајќи ја напредната опција eCall. Како дел од ова, Euro NCAP ќе ја проверува и леснотијата на вадење на патниците од оштетено возило, работата на електричните брави на вратите и гепекот…