Луѓето со болести на белите дробови не би требало да носат заштитна маска доколку тоа им создава проблеми при дишењето, тврдат експертите.
Како што наведува лондонскиот Daily Mail, британската влада сега им препорачува на жителите да ги носат маските во случаи кога е тешко да се одржи неопходната дистанца од најмалку 2 метри во однос на другите луѓе.
Сепак, поради носењето на заштитни маски, луѓето кои патат од болести како што се астма, хронична опструктивна белодробна болест или цистична фиброза можат да имаат проблеми со дишењето – кај астматичарите, маските можат да предизвикаат напади, додека кај некои може да се појави и анксиозност.
Од друга страна, доколку не носат маска, пациентите со болести на дишните патишта се соочени со зголемен ризик од сериозно заболување од Ковид-19 доколку се заразат, а поверојатно е и дека во тој случај ќе го пренесат вирусот на другите, наведува Daily Mail.
Поради тоа, експертите препорачуваат носење на маски за да се заштитат себеси од зараза, но и оние во своето опкружување освен доколку тие им предизвикуваат други здравствени проблеми.
Носењето заштитни маски на одредени места моментално е задолжително во многу европски земји, вклучувајќи ја Франција, Германија, Австрија, Чешка и Словачка, а во официјалните насоки, британската влада препорачува носење на маски во ситуации во кои, во затворени простории во кои не е можно социјално дистанцирање, доаѓа до средба со непознати лица како што се продавниците или возилата на јавен превоз.
Извор: Telegraf.rs