SD Association ја објави 8.0 спецификацијата за SD Express, кој ветува брзини на пренос на податоци до 3940 MB/s, што е четири пати побрзо од оригиналните спецификации. Стандардот и натаму го користи NVMe Express протоколот, но ги користи предностите на дволиниската PCIe 4.0 конекција за обезбедување на уште повеќе.
Се истакнува дека ова ќе овозможува подобрување за многу категории на уреди, а ќе им биде од голема помош на фотографите кои креираат содржина во многу висока резолуцијка или креираат голем број RAW фотографии во burst mode. Исто така, се очекува дека новиот SD Express ќе помогне кај снимањето на 8K и VR видеа, како и кај апликациите кои се покренуваат на мобилните уреди.
Новиот SD Express ќе поддржува капацитети за складирање до SDUC, а теоретски е можна поддршка за картички до 128TB.
Со оглед на тоа дека спецификациите само што се објавени, ќе помине извесно време додека компаниите не почнат со производство на картички и читач на картички, кои можат да обработат дополнителни брзини, како и производи кои можат да ги користат овие картички.