Huawei Y8p тивко осамна на сајтот на компанијата, а се работи за препознатлив уред, кој веќе го видовме под името Huawei Enjoy 10s.
Предната страна на телефонот ја краси 6,3-инчен OLED панел со 1080p+ резолуција. Во екранот е сместен сензор за отпечатоци од прсти, што не е премногу честа карактеристика во овој ценовен ранг.
На задната страна се наоѓа 48MP главна камера со SuperSpectrum сензор, што е маркетиншко име на Huawei за RYYB сензорите. Камерата нуди и Super Night Mode (експозиции до шест секунди со AI обработка на сликата). Покрај главната камера, тука е и 8MP ултраширока камера, како и 2MP сензор за длабочина. Во засекот е сместена 16MP селфи камера.
Huawei Y8p го покрекува Kirin 710F чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Постои и верзија со 6GB RAM, а за повеќе простор ќе биде потребна NM картичка.
Капацитетот на батеријата e 4000mAh со полнење од 10W, додека оперативниот систем Android 10 е заснован на корисничкиот интерфејс EMUI 10.1.
Huawei Y8p ќе се најде во продажба од 29. мај, а забележан е во Белорусија по цена од 245 евра.