Претставен е освежениот Honor MagicBook Pro 2020 лаптоп. Уредот има 16,1-инчен екран со 90% screen-to-body однос како и претходно, но сега го покренуваат Intel Core i5 и i7 процесори од 10. генерација.
Рамките околу екранот се тенки само 4,9 милиметри, а самиот панел има 1080p резолуција со 100% sRGB покриеност на бои. Во тастатурата е вградена 1MP веб камера, додека звучниците кои ја опкружуваат тастатурата имаат имплементиран и читач за отпечатоци од прсти.
Основната верзија на лаптопот пристигнува со Core i5-10210U процесор, а можна е надградба на Core i7-10510U. Во двата случаја се добива 16GB DDR4 RAM и 512GB SSD, со преинсталиран Windows 10 Home. Покрај Intel графиката, тука е и екстерната Nvidia MX350 графичка картичка со 2GB DDR5 VRAM.
За бежична конекција се задолжени Wi-Fi 5 (ac) со 2×2 MIMO и Bluetooth 5.0. Опциите за конекции преку кабел вклучуваат USB-C поpт, три USB-A 3.0 порта и HDMI. Присутен е и 3.5mm + микрофон приклучок.
Лаптопот го напојува 56Wh батерија, која може да трае до 14 часа стандардно користење или околу 11,5 часа репродукција на видео.
Honor MagicBook Pro ќе се продава од 19. мај, а првиот пазар на кој ќе биде присутен е Кина. Цената изнесува околу 780 евра за моделот со i5 процесор.