Откако бројни спортски настани се откажани поради пандемијата на коронавирус, фановите се свртеа кон eSport, кој сепак не е поштеден од негативното влијание. Konami вети дека на 30. април ќе понуди бесплатен апдејт за Euro 2020 за eFootball PES 2020, но дојде до одложување, откако беше соопштено дека и Европското фудбалско првенство ќе биде одложено за следната година.
Меѓутоа, сега од Konami пристигна нова информација, а таа открива дека дошло до одредени промени на апдејтот и дека ќе биде достапен на 4. јуни за PlayStation 4, Xbox One и PC.
Апдејтот и натаму ќе содржи 55 репрезентации и детално уредените стадиони Вембли и Санкт Петерсбург. Официјалната топка на финалето на Евро, исто така, ќе биде достапна од 4. јуни.