Се очекува дека Nokia 6.3 ќе биде претставен во следните месеци, што значи дека за уредот ќе имаме доста гласини. Претходните информации сугерираа дека телефонот ќе користи Snapdragon 670 или 675 чипсет, но новиот извештај укажува на Qualcomm Snapdragon 730 чип.
Покрај ова, претходно се сугерираше дека телефонот ќе има четири камери со ZEISS оптика, а сега се појавија повеќе детали за камерите. Главниот сензор на камерата ќе има 24MP, а тука се и 12MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор на длабочина.
Извештајот, меѓутоа, напоменува дека не може да ја гарантира точноста на протечените информации , па поради тоа е потребно да се земе со доза на резерва.
Истакнато е и дека основниот модел на Nokia 6.3 телефонот се очекува со 3GB RAM и 64GB простор за складирање.