Не делат неколку дена од објавата на Honor X10 серија телефони, а во меѓувреме се појавија фотографии кои уредот го прикажуваат во живо. Телефонот е прикажан во црна, сина и портокалова варијанта.

Според она што може да се види на фотографиите, Honor X10 ќе има препознатлив модул за задните камери, кој е сличен на она што го видовме на Honor 30 серијата телефони.

Според неодамнешниот TENAA листинг, трите камери на задниот дел ќе имаат 40MP главен сензор, 8MP ултраширок и 2MP сензор за длабочина. Honor неодамна потврди дека главната камера ќе има RYYB сензор, кој е способен за креирање на импресивни снимки во ноќни услови.

Се очекува дека Honor X10 ќе има 6.63-инчен LCD дисплеј, со поддршка за 90Hz освежување. Телефонот ќе го покренува осмојадрен Kirin 820 чипсет, додека батеријата ќе биде со капацитет 4200mAh. Комбинациите на меморија и простор за складирање се 6GB + 64GB и 6GB + 128GB.