Samsung го зазема првото место кога е во прашање глобалната испорака на 5G паметни телефони во првото тримесечје од оваа година. Меѓу првите пет компании, единствено јужнокорејската компанија нема седиште во Кина.
Компанијата во текот на првите три месеци испорачала 8,3 милиони 5G уреди, од вкупно 24,1 милиони колку што биле продадени, што сочинува 34,1 проценти пазарен удел.
Huawei е многу блиску на втората позиција, со осум милиони 5G телефони испорачани во периодот јануари-март, со учество од 33,2 проценти.
На третото и четвртото место се наоѓаат Vivo и Xiaomi, со 2,9 и 2,5 милиони испорачани телефони со 5G поддршка. Топ 5 листата ја комплетира Oppo со 1,3 милиони 5G уреди.
Поврзани артикли