Веќе долго време се поставува прашањето дали оние кои што прележале Ковид-19 имаат развиено антитела, а кинеските научници сега тврдат дека имаат одговор.
Резултатите од истражувањето на Медицинскиот факултет Чунгкинг, носат информации дека од285 тестирани пациенти кои што имале коронавирус, 95 од нив развиле антитела на истиот.
И понатаму се поставуваат многубројни прашања во врска со тоа, како на пример, ‘колку антитела се потребни за да бидеме сигурни дека сме заштитени или пак колку долго трае таа заштита?’, но одговорите на такви и слични прашања мора да ги почекаме.
Засега, научниците порачуваат дека доколку сте го прележале коронавирусот, голема е шансата да сте развиле и антитела, кои што помагаат да се препознае инфекцијата која што веќе сте ја имале и често во целост ја неутрализираат пред да се развијат симптомите за истата.
Судејќи според спроведениот експеримент, човечкото тело произведува два типа антитела по коронавирусот – имуноглобин М (IgM) и имуноглобин G (IgG).
Првиот вид антитела се произведува на почетокот од инфекцијата и произведува кратки бранови на заштита, а потоа се произведува вториот вид антитела – истражувањето покажало дека сите пациенти произвеле IgG антитела, на кои што потребно им е повеќе време за да се развијат, но нудат долготрајна заштита.
Научниците продолжуваат со понатамошните истражувања за да дознаат колку долго трае имунитетот кој што го создаваат овие антитела.