Претстојната десктоп графичка картичка на Intel повторно е забележана во SiSoftware базата, а протечените информации ги потврдуваат претходните шпекулации, кои се појавуваа уште откако Intel го прикажа својот SDV модел на графичка картичка.
Intel Xe (DG1) би требало да ги одразува Intel Tiger Lake спецификациите, со наводни 96 EU (Execution Units), што значи 768 јадра. Исто така, се очекува дека ќе има 3GB видео меморија, што укажува на тоа дека ќе биде наменета за понискиот сегмент на пазарот.
DG1 би требало да има Xe-LP графичко јадро, кое ќе биде значајно поинакво од Xe-HP или HPC моделот. Intel се уште не потврди на кој пазарен сегмент ќе се фокусира во текот на 2020. година, но се очекува дека за Intel Xe (DG1) графичката картичка повеќе детали ќе се дознаат подоцна.