Realme Narzo 10 и Narzo 10A телефоните ќе бидат официјално претставени на 11. мај, како што потврди кинеската компанија. Смартфоните првобитно беа планирани за објава на 26. март, но тоа беше одложено поради Ковид-19 пандемијата.
Се очекува дека Narzo 10 ќе биде ребрендиран Realme 6i, додека 10A би можел да биде варијанта на Realme C3 моделот, со три камери.
Стандардниот Realme Narzo 10 би требало да има 6,5-инчен HD+ дисплеј, MediaTek Helio G80 чипсет, до 4GB RAM и до 128GB простор за складирање. На задната страна се очекуваат четири камери: 48MP главна, 8MP ултраширока и 2MP портрет и 2MP макро.
Сето ова ќе го напојува 5000mAh батерија со поддршка за полнење до 18W.
Поврзани артикли