Google обично ja претставува новата верзија на Android оперативниот систем на својата Google I/O конференција. Меѓутоа, поради Ковид-19 пандемијата, конференцијата оваа година беше откажана. Затоа, се поставува (оправдано) прашањето кога ќе биде претставена новата верзија на Android OS. Оваа година тоа ќе се случи малку подоцна од вообичаеното – Android 11 бета ќе биде лансирана на виртуелен настан кој ќе се одржи на 3 јуни.

Дејв Бурк, потпретседател за развој на Android OS и директорката за производи, Стефани Кутбертскон, ќе одржат тогаш презентација за иднината на мобилниот оперативен систем. На неа ќе бидат најавени сите новитети и функции во претстојниот оперативен систем, а се однесуваат на сигурност, безбедност, пристапност, продуктивност и други теми од интерес за корисниците. По презентацијата тие ќе одговорат на прашањата на програмерите.

Првата бета верзија на Android 11 ќе биде достапна истиот ден (3 јуни). Следната, Beta 2 верзија која ќе се фокусира на подобрувањето на стабилноста ќе биде достапна на 3 август, а финалната верзија се очекува во третиот квартал од оваа година, најверојатно на крајот на септември.

Извор: PC Press.rs