Смартфоните на HUAWEI отсекогаш се одликувале со оригинална шема на бои, а дизајнот и палетата на P сериите го откриваат својот фокус кон повеќе уметнички аспекти. Huawei P20 ќе биде запаметен по неговото смело претставување на Twilight, а Huawei P30 по неверојатните Breathing Crystal, Aurora, и Amber Sunrise. Сите тие се инспирирани од динамични природни феномени.
Природата останува главната муза за естетиката на Huawei P40 Pro. Веќе е достапен во Македонија во три бои, совршено комбинирајќи го класичниот стил со модерното толкување – Ice White, Silver Frost и Black.
Дизајнот на моделот е уникатен. Неговиот дисплеј потсетува на прелевање на површината на водата од сите страни, а убавината на водата во нејзините различни форми во природата и во урбаната средина ја продолжува темата со боите на телото на моделот. Водата се менува од течност во мраз и магла, а играта со светлина во сите нејзини состојби не е ништо помалку од уникатна. Со прилагодување на нијансите, заситеноста и светлината на боите, се добива неверојатна динамика на чиста боја, со влијателни светлосни нијанси, оптичка длабочина и различна текстура.
Затоа Ice White изгледа како импресивен глечер од скандинавските земји,
…. А Silver Frost го пренесува специфичното чувство на заледена метропола рано наутро. Сребрената обвивка е изработена од ламинирано замрзнато стакло за да се постигне нов, модерен, металик изглед.
Црната, од друга страна, е безвременска класика и го нагласува дизајнот на самиот телефон – мазна и чиста, едноставно совршенство.