Microsoft го избра Linux наместо Windows 10 за да ја напојува нивната IoT (интернет работи) безбедносна платформа, a сега им нуди на хакерите 100.000 долари ако успеат да ја пробијат. Станува збор за платформата Azure Sphere.
Овој нов предизвик ќе трае само три месеци, почнувајќи од 1 јуни. За да учествувате, потребно е својата пријава да ја доставите до 15 мај.
Педесет хакери кои ќе бидат прифатени, ќе ги добијат сите неопходни ресурси за тестирање и откривање слабости на системот.
Microsoft се надева дека овој различен пристап на ризикот ќе се исплати, со тоа што хакерската заедница ќе се ангажира да ги открие сите критични слабости кои инаку би можеле да поминат незабележани.
„Безбедноста е тимски спорт“, изјави Силви Лиу, програмски менаџер во Microsoft центарот за одговор на безбедност, „а истражувачите на безбедноста се многу важни за да ја направат технологијата побезбедна“.