Во текот на изминативе години, северниот магнетен пол на планетата Земја забрзано се поместуваше кон Канада и кон Русија, а група европски научници тврди дека развила модел со кој возможно и веродостојно е да се опише оваа појава.
Користејќи податоци собрани со помош на сателит, авторите на научното истражување кое што е координирано од Универзитетот во Лидс, Велика Британија, ги проучуваат измените во Земјиното магнетно поле во текот на изминатите 20 години со настојување да направат модел кој го прикажува поместувањето на северното магнетно поле, пренесуваат од Би-би-си.
Поради промените во движењето во внатрешноста на палентата, доаѓа до промена на јачината на негативниот магнетен фокус во подрачјата кои што се наоѓаат над него и токму поради тоа северниот магнетен пол од арктичкото подрачје Канада тргнал кон Сибир, преминувајќи ја и Меѓународната датумска граница.
Кога станува збор за секојдневниот живот, брзото поместување на северниот магнетен пол на Земјата, довело до потреба за почесто ажурирање на навигацискиот систем, вклучувајќи ги и оние кои што се користат за прикажување на геогравски мапи на мобилните телефони.
Научниците развиле модел кој што го прикажува северниот магнетен пол, кој што до денес се поместил најмногу 50-60 километри и тоа на годишно ниво, и продолжува да се движи кон Русија.