Коронавирусот кој што се појави во Вухан пред повеќе од четири месеци , мутирал, а новиот подоминантен вид на вирусот се шири по САД, а очигледно станува збор за позаразен вид, открива новото истражување.
Новиот вид коронавирус се појави во Европа, на почетокот на месец февруари, пред кон крајот на месец март да мигрира и во другите делови на планетава, вклучувајќи ги и САД и Канада, напишале истражувачите од Националната лабораторија во Лос Анџелес во извештајот на веб страницата на која научниците ги објавуваат своите истражувања.
Доколку коронавирусот во текот на летото не исчезне како сезонскиот грип, тогаш истиот би можел дополнително да мутира и потенцијално да ја ограничи ефикасноста на вакцината против коронавирус која што ја развиваат научниците ширум светот.
Покрај тоа, овој вид може да напрви луѓето да станат ранливи и на други инфекции, предупредуваат истражувачите.
Засега не постојат податоци кои што го покажуваат нивото на заразност на доминантниот вид коронавирус.
Истражувањето во голема мера се темели на генетсткото наследство на претходните видови коронавируси.
Истражувачите од Лос Анџелес, со помош на научници од Универзитеот Дјук и Универитетот Шефилд во Англија, анализирале илјада секвенци на коронавирусот. До денес истражувачите идентификувале 14 мутации на коронавирусот.
„Ова е загрижувачки затоа што гледаме како мутираниот облик на вирусот многу брзо се појавува и во текот на месец март станува доминантна пандемиска форма. Кога вирусот со ваква мутација ќе влезе во популацијата, многу брзо почнува да се шири локалната епидемија“ – соопштила Бет Корбер, биолог од Лос Анџелес.
Сепак таа наведува дека колку и да е оваа вест лоша, не треба да се обесхрабруваме:
„Нашиот тим успеа да ја документира оваа мутација и нејзиното влијание на пренесувањето поради глобалниот напор на експерименталните групи кои што новите секвенци вируси ги прават достапни во најбрз временски рок.
Ве молам, бидете ентузијасти, знаејќи дека глобалната научна заедница и ние соработуваме во ова, на начини кои што не сум ги видела во последните 30 години, колку што работам како научник“ – истакнала таа.
Поврзани артикли