Астероид со големина на камион мина близу Земјата и е еден од најблиските кога било регистрирани во историјата. Меѓутоа, ниеден од сателитите во Земјината Орбита не го забележа.
Астероидот 2020-ЈЈ мина крај Земјата на оддалеченост од 7.000 километри, а во астрономска терминологија тоа важи за мала близина.
Вселенското тело го забележа опсерваторија во американската сојузна држава Аризона, во мигот кога тоа бил најблиску до нашата планета.
Според податоците на НАСА, 2020-ЈЈ е шести на листата вселенски тела коишто најмногу се доближиле до Земјата изминативе 100 години.
Оттаму наведуваат дека, доколку астероидот одел директно кон Земјата, најверојатно би согорел во атмосферата.
Поврзани артикли