Коронавирусот го запре светот и почна да го менува. Дури и нашите секојдневни навики нема да останат исти и потребно е да се прилагодуваме на новонастанатата ситуација. Новоста која ни доаѓа од Apple говори во прилог на промената на технологијата, поради нашето здравје. Имено, во новата надградба за iPhone потврдено е дека Face ID услугата на препознавање на лицата ќе може да работи иако на лицето носите заштитна маска.
Со оглед на тоа дека маските станаа дел од нашето секојдневие за да се заштитиме од глобалната пандемија, беше потребно да се реши препознавањето на лицето додека на лицето носиме заштитна маска. Корисниците предупредуваат на ова веќе некое време, но од Apple веќе имаат подготвен одговор. Во последното бета издание на iOS 13.5, Face ID изгледа ќе може да го препознае лицето со маска.
Сите веројатно се прашуваат како е тоа воопшто можно. Всушност, Face ID ќе препознае која некој носи маска, а телефонот автоматски ќе го прикаже екранот за внес на лозинка за отклучување на уредот. Целиот процес на отклучување значително ќе се забрза, што на корисниците ќе им го олесни користењето на уредот. Се уште не е прецизирано кога оваа надградба ќе ја добијат сите корисници, но се шпекулира дека тоа би можело да се случи во следните неколку недели.