Loyal Wingman е долг 11,6 метри и има досег од дури 3700 километри и заменлив „нос“ во кој можат да се постават различните сензори и оружја, во зависност од потребите на мисиите.
Се работи за дрон кој го претстави австралискиот оддел на Boeing и во чиј развој инвестираше и Владата на Австралија, а во официјалната објава на Boeing се наведува дека ова е историска пресвртница за компанијата и најголема инвестиција во оваа технологија надвор од границите на САД.
Loyal Wingman е долг 11,6 метри и има досег од дури 3700 километри и заменлив „нос“ во кој можат да се постават различните сензори и оружја, во зависност од потребите на мисиите. Дронот ќе служи како основа за BATS (Boeing Airpower Teaming System), чија цел е засилувањето на присутноста во глобалната одбранбена инудстрија и развој на ценовно достапно наоружување, кое ќе ги подобри воздухопловните активности базирани на автономната технологија и вештачка интелигенција. Активностите на автономниот дрон ќе вклучуваат следење на авионите како E7A Wedgetail за рано предупредување, како и заштита на борбените авиони како F-35A и F/A-18E/F Super Hornet.
Првиот прототип на Loyal Wingman беше претставен вчера, а првите тестни летови се закажани за крајот на годината. Сепак, до готов производ кој навистина ќе може да се користи во борби ќе поминат уште неколку години – од Boeing очекуваат тоа да се случи кон крајот на оваа деценија или малку порани. Освен што би требало да стане дел од австралиските воздушни сили, за ова беспилотно летало се заинтересирани и земјите како САД и Велика Британија кои во иднина, исто така, би можеле да се најдат меѓу купувачите на Loyal Wingman.