Додека луѓето се борат со коронавирусот, со вируси се борат и суштествата кои што живеат во морето.
Опасните паразити предизвикале масовно изумирање на школките во Средоземното море, па околу 300 научници истите ги извадиле од морето и ги ставиле во карантин.
Во околу десетина базени во пулскиот аквариум се чуваат школките од Средоземното море за кои што 100 отсто можеме да кажеме дека се здрави.
„Тие тука се од крајот на месец јануари, а ние се надеваме дека ќе останат тука што пократко, дека ќе создадат некаков имунитет и дека ќе може да ги вратиме назад во морето“ – изјавила Мартина Беназиќ, биолог.
Во 2016-та година нив почнала да ги уништува смртоносна зараза во облик на паразит,кој што сериозно им се заканил со изумирање.
„Може да кажеме дека во најдобар случај заздравувањето на школките ќе биде бавно, а во полоша варијанта до некоја мера обновата на популацијата е ставена во прашање“ – изјавил Томислав Шариќ од Одделението за екологија, агрономија при Универзитетот во Задар.
Особено тежок период за закрепнување ќе биде доколку се потврдат сомнежите дека паразитот го зафатил и истарското приморје.
„Забележавме делумно зголемен број на отворени школки. Тоа би можело потенцијално да влијае на нивниот морталитет“ – изјавил Невен Ивеш.
Во Пула, тим од научници ќе се обиде истите да ги размножи. Досега тоа им успеало на шпанските научници.