Веќе знаеме дека конзолите од следната генерација со леснотија ќе поддржуваат 60FPS, како и дека ќе овозможуваат изборна резолуција од 4K. Но, каква е ситуацијата кога е во прашање 21:9 односот на страници и UltraWide поддршка?
Судејќи според се, конзолите ќе добијат поддршка и за споменатите функции. Philips го најави својот нов 345M1CR Momentum монитор од 34 инчи, кој не е наменет за компјутерите, туку за конзолите. Мониторот поддржува резолуција до 3440 x 1440p @ 144Hz, а има одзив од 4ms (1ms со Philips режимот за намалување на motion blur).
Philips 345M1CR Momentum поддржува HDR, како и Philips Flicker-Free технологија. Од приклучоците се присутни 2 x HDMI 2.0 портови и 2 x DisplayPort, како и USB хаб со еден USB-B порт, кој може да се претвори во 4 x USB 3.2 портови и поддршка за технологија за брзо полнење.
Поврзани артикли