Според наводите од извештајот на DigiTimes, кој ја покрива темата за 5nm производен процес на компанијата TSMC, се споменува дека Nvidia би можела да биде заинтересирана за овој чипсет.
Информацијата е интересна, посебно ако знаеме дека овие чипови ќе се најдат во графичките картички од следните генерации. Nvidia во својата Ampere графика ќе го користи 7 нанометарскиот процес на Samsung, кој ќе се најде во дизајните како што се GeForce RTX 3070 и RTX 3080 графичките картички.
Со оглед на тоа дека Nvidia веќе има во план производи кои ќе ги задоволат потребите на пазарот со највисоки перформанси, компанијата можеби во план има нешто што би можело да биде изненадување за сите.
Засега не е познато што конкретно би можело ова да биде, но гласините сугерираат дека Nvidia планира својот Tegra SoC да го надгради на најновиот производен процес. Tegra SoC може да се користи во широк спектар на производи, од мобилни уреди до конзоли како што е Nintendo Switch.
Поврзани артикли