Samsung ja најави интеграцијата на Apple Music во рамките на својата Smart TV платформа. Корисниците во повеќе од 100 земји ќе можат да уживаат во Apple Music содржините на паметните телевизори на Samsung.
Претплатниците можат да стримаат повеќе од 60 милиони песни кои нема да бидат прекинувани со реклами и ќе можат да ја прегледуваат најпопуларната музика и видеа организирани од водечките светски музички експерти.
„Минатата година, бевме прв производител на телевизори кој ја понуди Apple TV апликацијата, а денеска сме први кои го нудат Apple Music“, истакна Салек Бродски, потпетседател за стратешко партнерство и деловен развој во компанијата Samsung.
Samsung Smart TV сопствениците ќе мораат да го преземат Apple Music од App Store за да уживаат во сервисот. Исто така, сопствениците на паметните телевизори ќе можат да го испробаат Apple Music бесплатно во текот на три месеци, преку различните претплатнички модели.