Компанијата HTC подготвува нов телефон, а дојавувачот @LlabTooFeR објави нешто повеќе детали за уредот, но се очекува дека комерцијалното име на уредот ќе биде Desire 20 Pro.
Се сугерира дека HTC Desire 20 Pro ќе биде сличен на Xiaomi Mi 10 моделот, а се очекува систем камери во горниот лев агол, со еден модул кој е издвоен. Од предната страна ќе изгледа како OnePlus 8. Покрај тоа, споменато е и постоењето на 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
Geekbench исто така прикажува смартфон за кој се верува дека е Desire 20 Pro. Постигнатите резултати се слични на оние кои ги остваруваат Mediatek Helio G80 и Exynos 9611 чиповите, но листата укажува на Qualcomm платформа. Тоа сугерира дека чипсетот би можел да биде Snapdragon 660 или 665. Тестираниот уред користи и 6GB RAM.
Очигледно е дека HTC Desire 20 Pro ќе биде телефон од средниот сегмент на пазарот, а повеќе детали за уредот се очекуваат во следниот период.